Ракометарите ја затвараат втората групна фаза денес против Мароко

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Со денешниот дуел против Мароко (од 18 часот), Македонија ќе ја затвори втората групна фаза, во т.н. Президент куп на Светското првенство за ракометари. Од мечот ќе зависи дали ќе го освоиме третото или второто место во групата во Плоцк, што, пак, ќе нè насочи кон финална пресметка за пласман на 27. или на 29. место.

Ретко кој пред првенството претпоставуваше дека ќе правиме математики за да не бидеме пласирани на 30. позиција во конечното рангирање, но реалноста се сведе на тоа. Барем, математиката е едноставна, потребно ни е да не загубиме денеска против Мароканците и со тоа ќе се квалификуваме за дуел против Јужна Кореја, в среда, за 27. позиција. Пораз ќе значи дуел со Саудиска Арабија, за да го избегнеме 30. место.

Мароко е репрезентацијата која прва доживеа изненадување на овој Мундијал, со поразот од САД во првото коло. Меѓутоа, оттогаш наваму и не покааж баш дека тој пораз бил незаслужен, бидејќи губеше двоцифрено и од Египет и од Хрватска во прелиминарната група, а потоа настрада од Тунис со 25-30. Во мечот со Алжир, речиси 59 минути изгледаше дека ќе наниже уште еден пораз, но со три гола за 80 секунди си заработи премиерен триумф на овој собир.

Колку и да делува дека е под нашето ниво, Мароко е бронзената селекција од последното Африканско првенство, која, за да го заработи тој трофеј, го совлада истиов овој Тунис (28-24) и сето тоа се случуваше пред точно пола година. Има шестмина ракометари во составот, кои играат во Франција, но само двајца во првата лига, во Трембле.

Македонија досега не се соочувала со овој ривал на Светските првенства.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...