Македонската ракометна репрезентација доживеа дебакл на Светското првенство, навивачите беа сведоци на уште еден катастрофален пораз, овојпат загубивме од Аргентина со 35-26.
Ако поразот од Норвешка беше очекуван, од Холандија разочарувачки, од Аргентина е голема катастрофа.
Македонската ракометна репрезентација за првпат на едно Светско првенство се враќа со сите загубени мечеви во групната фаза.
Аргентина требаше да биде селекција со која ќе се надигруваме и ќе ја бараме победата која ќе не однесе во групната фаза, но наместо тоа Аргентинците буквално ја растурија нашата селекција победувајќи ја со девет голови разлика.
Македонските ракометари како да не беа присутни на теренот, одиграа очајна партија, изгледаа дефоксирано, направија многу технички грешки, одбраната беше лесно ранлива, голманите беа под нивото, буквално ништо не функционираше.
Најефикасен во составот на Македонија беше Талески со пет голови, Кузмановски и Пешевски постигнаа по четири. Кај Аргентинците незадржлив беше нивниот најдобар ракометар, Симоне.
Наместо во Катовице, Македонија заедно со последнопласираните од останатите групи ќе патува во Плоцка на Президент купот.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]