Македонската машка ракометна репрезентација тргнува во нова мисија, пласман на Европското првенство во 2028 година кое ќе се игра во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Избраниците на Кирил Лазаров се во групата 8 каде за противници ќе ги имаат Шведска, Грција и Луксембург.
Првата задача е на домашен терен веќе утре од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а ривал ни е Луксембург. Нашата селекција има статус на фавориот, но тоа ќе мора да го оправда на теренот против селекцијата која ја води легендарниот Дидие Динар.
Атмосферата е на посакуваното ниво, а ракометарите го одработија последниот тренинг пред соочувањето со аутсајдерот во групата.





