Ракометарите немаа сили да ја изненадат Португалија

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, откако Португалија во „Борис Трајковски“ славеше со 23:29.

Првите минути од натпреварот донесоа борбена игра со малку голови. Ние го отворивме натпреварот со голот на Џонов, а Португалците изедначија во петтата минута по два промашени напади. По промашените напади и на двете страни, Португалците почнаа да погодуваат, а нас Филип Кузмановски со два гола не одржуваше резултатски блиску до Португалците. На истекот на 10-тата минута гостите имаа предност од 3:5.

Се играше 18-тата минута кога Португалија за првпат поведе со три гола разлика (4:7). По наши неискористени два седмреци (Цветан Кузмановски и Филип Кузмановски) Португалија поведе и со 4:8. Долгиот период без гол за нашата селекција го прекина Џонов со својот втор гол на натпреварот во 21-та минута (5:8).

По тој гол на Џонов, следуваа минути во кои игравме поефикасно, па на пет минути до крајот на првиот дел се вративме на „минус еден“ (9:10). Во тие последни пет минути Португалија повторно беше подобриот тим, па ја врати предноста три гола (11:14).

Второто полувреме го отворивме со гол на Костадин Петров и повторно слично како и во завршницата на првиот дел дојдовме до „минус еден“ 14:15, па следуваше враќање на Португалците на три разлика (15:18). Констатно бевме блиску и не дозволувавме Португалија да „одлепи“, но никако не успевавме да дојдеме до изедначување.

Селекторот  Лазаров се обиде да ги промени работите со тајм-аутот во 32-та минута (17:19). Конечно, по тој тајм-аут реализиравме седмерец, Митревски одбрани, а во следниот напад за првпат по почетните минути не бевме во негатива (19:19). Беа тоа наши моменти, Португалија не погоди и во следниот напад, па на 15-минути до крајот со голот на Кузмановски и поведовме со 20:19.

Сепак, нашиот напад повторно „застана“ по тоа водство и Португалија со серија во 21-та минута одново се врати на тие три гола предност кои ги имаше во најголема дел од средбата. Со таа предност гостите влегоа и во последните пет минути од средбата, па полека стануваше јасно дека тие ќе бидат победници во овој дуел.

Филип Кузмановски беше најефикасен кај нас со пет гола, Мартин Серафимов додаде четири, додека Иван Џонов ја заврши средбата со три гола.

За три дена Португалија и Македонија ќе одиграат нов натпревар, но во Порто. За Македонија вчерашниот пораз беше прв во групата, додека Португалија остана максимална со три победи во исто толку натпревари.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...