Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра четири пријателски натпревари во рамки на ЕХФ неделите пред настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија.
Од РФМ информираат дека во периодот од 30 октомври до 5 ноември, на гостински терен ќе се одиграат две пријателски средби против Грција, на 3 и 4 ноември. Потоа, на 4 и 5 јануари во Скопје, ќе следат два теста со „хелените“.
Македонија го одржа континуитетот на големите натпреварувања, но на ЕП 2024 ќе има тешка задача затоа што е во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.