Ракометарите комплетни ги продолжуваат подготовките за Светското првенство

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Ракометната репрезентација на Македонија од самиот почеток на новата година продолжи со тренинзи во Скопје, во завршната фаза од подготовките за СП 2023.

Филип Кузмановски последен се вклучи на националниот тим по обврските што ги имаше во Бундес-лигата, а заедно со остатокот од репрезентацијата тренира и Никола Митревски, кој доби поштеда од селекторот Кире Лазаров на првите две контролни со Црна Гора.

Атмосферата во националниот тим е на највисоко ниво, а на единаесет дена до стартот на СП во Краков фокусот покрај на нашата, ќе почне да се насочува и на анализа на играта на противниците.

Ракометарите утре ќе бидат дел од спортскиот спектакл, настапувајќи против селекцијата на ветерани од која дел ќе биде и селекторот Лазаров.

За крај на подготовките „црвено-жолтит“ ќе отпатуваат за Хрватска, каде на 6 и 7 јануари ќе се сретнат со домашната селекција и со репрезентацијата на Израел како дел од „Кроација купот“.

Македонија на 13 јануари го игра премиерниот меч од СП 2023 во Краков против селекцијата на Норвешка, два дена подоцна наш ривал ќе биде Холандија, додека последниот натпревар во Катар нашите ракометари ќе го играат на 17 јануари против Аргентина.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...