Македонската ракометна репрезентација од денеска во комплетен состав ги продолжува подготовките во Стара Пазова, за настап на Европското првенство кое во јануари 2024 година ќе се одржи во Германија.
Од денеска во „стој“ е и голманот Никола Митревски, и со тоа се комплетираше националниот тим во подготовките, откако претходно на тренинзите се приклучи и Филип Талески.
Националниот тим веќе неколку дена се подгтовува во Србија, а ќе одигра и тест меч против Црна Гора.