Македонската ракометна репрезентација веќе е во Дизелдорф, првата станица на Европското првенство кое од 10. до 28. јануари ќе се одржи во Германија.
Кирил Лазаров и неговите избраници ќе бидат дел од историја, првиот меч ќе го играат на 10. јануари на стадионот „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 навивачи.
Нашите ракометари вчера го одржаа првиот тренинг на германско тло, денес ќе имаат можност да го почувствуваат теренот на стадионот.