Разрешување на целото раководство на М-НАВ најави Владата

Date:

На следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, да биде разрешена управата на Македонска навигација и да се отовори постапка за избор на ново раковдство. Ова, како што информира прес службата на Владата го предлага премиерот Димитар Ковачевски, по консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Предлогот е целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени и да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, соопштува Владата.

-Воедно, Претседателот на Владата на Република Македонија, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ, стои во информацијата.

Овој потег следи по денешниот упад во Контрола на летање и нападот што се случи врз тројца контролори на лет.

Како што веќе информиравме, МВР го потврди нападот, откако претходно претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, соопшти дека во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање. Според него, возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето.

– Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија ѝ е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект, наведува тој.

Овој акт на насилство, како што дополнува, не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...