Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување

Date:

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за коалицирање во новата влада вчера ја одржаа првата средба, а според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаат обезбедено 61 пратеник. Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција обвини дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори и оти на тој начин се врши изборен инженеринг за менување на соодносот на силите во Собранието, порачувајќи дека се е во рацете на Управниот суд, каде треба да се одлучува по жалбите на ваквите решенија.

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ вчера ја одржаа првата средба за разговори за коалицирање во новата влада, на која, како што информираа преку соопштение, било заклучено дека е потребно да се задржат програмските определби што добиле поддршка од граѓаните и да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.

На работната средба, како што посочуваат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, било договорено дека разговорите во позитивен дух ќе продолжат и во наредниот период.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...