ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – III ДЕЛ
Античките Македонци и античките Грци беа широко распространети низ целата земја, понекогаш во поголем компактен број, како на почвата на Фајум што беше добиена со исушување на земјиштето.
Но фчките војници не беа единствените жители на земјата. Античките трговци и занаетчии како што видовме на различен начин вработуваа и голем број од Египќаните, чиј број беше позначителен особено во поголемите градови на подрачјата.
Така, во овие градови, кои порано беа центри на египетскиот живот, се формираа антички грчки квартови во кои наскоро се гледаа надворешни знаци на античката грчката култура, терени за гимнастика, Tea-Tap и храмови на античките грчки богови. Дури и во селата, кои често беа опседнати од античките војници, повремено се создаваа гимнастички терени.
Најдобар доказ за ширењето на античката грчка култура во земјата се пронајдоците на литературните папируси растурени насекаде по земјата дури до првиот катаракт. Ако античките папирусни документи даваат претстава за ова ширење на античкиот јазик, остатоците на литературните папируси се многу позабележливи од гледиштето на културата.
Тие покажуваат кој автор бил популарен и дека античката грчка литература се читала не само во големите градови, туку во извесна мера и во селата. Се разбира, во многу села египетскиот живот продолжи сосема неизменет.
Ова сместување заедно на античките Македонци и античките Грци, кои дојдоа од најразлични места на античкиот свет да живеат постојано еден до друг во градовите на Александар Македонски и на Селеукидите, како и во населбите во Египет, природно изврши големо влијание. Разликите на расите што во нивните земји беа силно изразени во јазикот и законот, религијата и обичаите требаше да се отстранат во овој случајно измешан свет.
Овој процес е највидлив во случајот со јазикот. Локалните дијалекти постепено исчезнуваа, а беше подготвен терен за заеднички јазик. Во еден папирусен документ од времето на Александар Македонски се дадени доризми и атицизми во тогаш предоминантниот јонски текст, додека во голем број документи од третиот век не се појавуваат вакви мешања на дијалекти или дијалектички форми. He e пронајдено ништо друго освен таканаречениот „заеднички говор”.

Резултатот на напредокот на културата во петтиот и четвртиот век доведе до тоа, атичкиот јазик, јонизиран во зборови и идиоми, да се смета небаре е универзален јазик на светот. Ширењето на атичкиот јазик беше под влијание на Филиповото усвојување, како што е означено, во неговиот врховен суд, а подоцна беше прифатен и од Александар Македонски.
Наскоро заедничкиот говор беше употребуван и во литературата и преовладуваше во елинистичкото време се’ до почетокот на империјата кога беше истиснат од атицизмот.
Како дијалектите исчезнаа и различните погледи на законог во измешаното општество на новите населби. Луѓето не можеа веќе да ги имаат оние права што ги поседуваа во своите полиси.
Законите еднакво ги обврзуваа сите граѓани, независно од кој предел дошле. Во законодавството на елинистичкото време се појави атичкиот закон.што веќе беше многу раширен од Делијанската лига. Секако, законите на Александрија, како што информира еден вреден папирус, потекнуваат од законите на Солон.
Освен тоа, придобивките од привилегиите на некои градови, како и докажаните права на други градови, доделени одвреме навреме од кралот во извесна мера придонесоа да има рамномерност во таа смисла. Постепено, наместо локални разлики, во законот како и во јазикот започнаа извесни обединувања. Разбирливо е што под императорите античкиот грчкиот закон често се задржа наспроти римскиот, а во извесна мера и влијаеше врз него.
Исто така и во религијата дојде до изедначување на локалните карактеристики преку врската на различни антички грчки населби. Решавачко беше што кралските основачи на градови по правило определуваа на кој бог треба да му се изгради храм, како што е забележано во случајот на Александар Македонски, на пример, кога ја основа Александрија во Египет. Според законите на градовите, граѓаните требаше да земат кралска заклетва.
Низ сите овие влијанија локалните разлики на населените луѓе се’ повеќе слабееја, а контрастите меѓу античките Македонците и античките Грците, кои се уште беа силни под Александар Македонски и неговите најблиски соработници, беа посмирени, иако веројатно никогаш не исчезнаа, делумно поради посебната воена привилегија што Македонците ја имаа са’ до римско време.
Ако ова соединување на античкиот елемент, наместо претходната поделба, го поттикна елинизмот, тие сепак беа под влијание на ориенталците, кои ги проширија своите позиции со конфликтот на културите.
Прво и најважно дојде до израз нивната бројна супериорност. Нема точни податоци, но нема сомнение дека во сите антички грчки населби имаше големо мнозинство ориенталци. Во најголемиот развој на Египет, наспроти можеби седум милиони Египќани, немаше речиси ни милион антички Македонци и антички Грци.
Во Азија, дури и по огромната колонизација на Селеукидите, имаше предели каде што немаше антички грчки градови, или имаше само неколку изолирани. Тоа беше само сосем тенок горен слој од античките Македонци и античките Грци што се проширија низ Египет и Азија. Наспроти гореспомнатите населени региони, нивните градови и населени места беа како острови што изникнуваа од големото море.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН



