РАЗВОЈНИОТ ПАТ НА БРОЈНИ НАУЧНИ ДИСЦИПЛИНИ ОД ЕГИПЕТ И ВАВИЛОН  КОН ИСТОК И ЗАПАД (21)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – III ДЕЛ

Гоенаведемите причини овозможуваат да се разбере како од вториот век распаѓањето стануваше се поевидентно во сите области на античката грчка култура. Во исходот на големата борба со кренатите ориенталци не треба да се има сомнение. Текот на овој конфликт може да се наслика во кратки црти. Селеукидите пред да бидат застапници и унапредувачи на елинизмот низ цела Блиска

Азија, заштитата беше ограничена на многу одреден простор, кога со поразот во 129 година, тие беа обврзани да се откажат во корист на Партијците од сите територии зад реката Еуфрат, а беа ограничени да владеат само во Сирија и Цилиција.

Партијските кралеви, Арсацидите, не само што го толерираа елинизмот во своето кралство, бидејќи им требаше античката грчка трговија, туку често, официјално како Филелините, кокетираа со елинизмот, со цел да го унапредат и да му дадат елинистички надворешен изглед на својот дворец во Ктесифон, спротивно на Селеукија што се наоѓаше на реката Тигар, каде што го имаа сместено својот главен град.

Античкптп грчко влијание беше очигледно и во партијската уметност, но овој филелинизам беше ограничен на дворот, а меѓу партијскиот народ, особено меѓу богатите и војската, дефинитивно се гледаше со немилост. Овие кругови упорно се приврзуваа кон ориенталските начини и така започна реакцијата против елинизмот.

Во Египет, исто така, уште во почетокот на третиот век се појави националистичко движење, што едно време предизвика губење на Горен Египет, а под слабото владеење на подоцнежните Птолемејци, дојде до зголемување на египетскиот елемент наспроти античките Грци.

Оваа реакција на Исток против елинизмот, јавувајќи се овде-онде на почетокот, а подоцна станувајќи општа, е од извонредна важност за сегашното време, што сведочи за повторно будење на Исток и нетрпели-ост кон Европејците. Само во овој век имаше настојувања Азија да се направи европска што овозможи ваков феномен, така што потоа напорите на Александар Македонски и на неговите наследници да ја елинизираат Азија предизвикаа слична ненадејна промена.

Доколку некој го истражува целиот тек на прогресивното напредување на ориентализмот, ќе согледа дека развојот, надвор од локалните разлики, не беше постигнат и не заврши на ист начин во различни области на културата. Религијата најрано и најмногу зеде замав на Исток. Победата исто така беше целосна и во јазикот, па така античката уметност и наука не беа никогаш прифатени, иако повеќепати го оплодија Исток до доаѓањето на исламот.

Религиозната победа на Исток се објаснува со толерантниот дух на античките Грци, конфронтиран со тврдоглавоста на Ориентот во приврзаноста кон својата религија. Освен тоа, ориенталските религии имаа извесни квалитети кои ги привлекуваа оние антички Грци што беа незадоволни од својата религија, така што се повеќе навлегуваа во мислата и чувството на различниот источен свет, како што денес многу Европејци гледаат заштита во будизмот.

Најголем восхит предизвикаа големите ориенталски религии во идниот живот кој ветуваше целосна среќа во иднината на верниците, на секоја индивидуа, независно од неговата националност.

На античките Грци отпорано им беа блиски ваквите идеи од орфичкото учење и од елеусијските мистерии, но сега ориенталските религии ги ставија на искушение и ги победија со силната пропаганда, која стануваше се’ порешавачка, како копнеж за сигурност во идниот живот развиен во долните класи, кои не можеа да најдат утеха во филозофијата.

Ова силно ориенталско движење не беше ограничено само во елинистичкиот Исток, туку триумфално мина низ Античка Грција и продолжи до Рим и на Запад. Божествената мајка на Мала Азија водеше по патот – Кибел, чиј оргијастичен култ беше воведен во Рим со послушност на еден сибилински пророк во текот на Ханибалската војна (204).

Ако се пружеше прилика за ова, подоцнежните култови ќе дојдеа на запад во текот на главната експанзија што беше поткрепена од ориенталските трговци, кои се’ повеќе го посакуваа Запад, a насекаде ги изведуваа своите култови во религиозни групи.

Така египетските богови Ис и Осир втасаа на Запад, а новиот Бог Сарап, кој беше споредуван со различни богови и во вториот век на н.е. го прифатија под заеднички храм: со извикот „Сарап е еден” и неговата заслуга беше многу распространета во империјата. Сириските богови, Хадад и Атаргат станаа широко познати, онолку колку што сириските трговци ја прошируваа трговијата.

Co боговите дојде и астрологијата, оригинален дел на старата вавилонска религија, но сега изградена во незаконска наука која претендираше да ја определи верата на секој поединец според соѕвездието на часот на неговото раѓање.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...