Работното време од 8 часа дневно е нешто на кое сме навикнати, но во денешно време нема смисла. Пред речиси 200 години работниците се бореа да не бидат експлоатирани и од тој ден наваму од работниците се очекува истото.

Многумина немаат паузи во тие осум часа, а ако имаат, и тогаш работат. Работодавците мислат дека тоа е неопходност, дека не се може без тие осум часа, но истражувањата покажуваат дека ваквото размислување е назадно и контрапродуктивно во модерното време. Тоа поконкретно го докажува „Драугием груп“, која преку апликација ги следела навиките на вработените во текот на нивните работни денови.

Поконкретно, апликацијата следела колку просечно време им е потребно на вработените да извршуваат одредени задачи и потоа донесувала заклучоци за продуктивноста. Очекувано, не било важно колку трае работното време, туку како бил организиран целиот работен ден. На пример, луѓето што почесто правеле паузи биле попродуктивни.

Заклучокот е дека идеалното работно време подразбира на 52 минути работа да се прави одмор од 17 минути. На овој начин вработените се стопроцентно посветени на она што го прават и не губат време на размена на пораки, прелистување на социјалните мрежи, мобилни уреди или медиуми.

Ваквите резултати ги поткрепуваат и научните сознанија кои велат дека на мозокот му се потребни 15 минути одмор откако ќе биде под стрес цел час. На крајот на краиштата, не е чудно што по 45 минути учениците имаат 5 минути пауза, а барем еднаш дневно пауза од 15 до 20 минути.

Работодавците кои поттикнуваат ваква работна средина ќе добијат попродуктивни вработени, со што ќе биде полесно да се постигнат поставените цели и на тој начин да се создадат основи за иновации. Во посовремените работни места, поврзани со технологијата, такво нешто всушност стана неопходност. И патем, ги отфрла сите оние погрешно изнесени тези дека вработените не треба да се одвојуваат од своето работно место во текот на работното време.