Денеска беа одиграни натпреварите од 12. коло во Првата лига, при што лидерот Работнички испушти победа во Кратово против Силекс (1-1), додека Шкендија беше подобра со 2-1 од Беса и ја намали разликата зад лидерот на еден бод.
Работнички поведе со погодокот на Регба во 20. минута од средбата, но во вториот дел од мечот Силекс тргна по израмнување и имаше неколку добри шанси кон голот на екипата од Дебар Маало.
Иако скопскиот тим успеваше да се одбрани во налетите на Силекс, сепак конечно попушти под притисокот во 78. минута кога Алиќ стрелаше за 1-1.
Шкендија до водство стигна по само 14 минути кога Флорент Рамадани погоди за 1-0, по што Бесарт Ибраими го зголеми водството во продолжение од средбата.
Беса се разбуди по брзите два гола на тимот од Тетово, па реши да го возврати ударот преку Башким Велија (1-2), меѓутоа резултатот не се менуваше до крајот и покрај шансите на двете страни.
Резултати – 12. коло – Прва лига:
Гостивар – Пелистер 0-0
Шкендија – Беса 2-1
Силекс – Работнички 1-1
Тиквеш – Струга 0-1
Вардар – Брера Струмица 0-1
Воска Спорт – Шкупи 3-1
Табела (бодови):
Рабтнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга 19, Шкупи 16, Брера Струмица 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8