Работниците од Македонија се најподготвени да се преселат заради работа

Date:

Колку работници од регионот се подготвени да се преселат на работа во странство? Кои се причините што не поттикнуваат на таков чекор? Дали е тоа трајно преселување или се уште се надеваме дека ќе се вратиме дома? Ова се само дел од прашањата што беа во анкета за време на овогодинешниот Регионален саем за вработување, како дел од истражувањето спроведено од Alma Career Croatia, меѓународна компанија најпозната по брендот MojPosao.

Истражувањето опфати повеќе од 6.600 испитаници од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија, а резултатите ги открија клучните причини и услови под кои би одлучиле да работиме во друга земја.

Кој е подготвен да се пресели?

Работниците од Македонија (55%) и Србија (54%) се најподготвени да се преселат заради работа, додека испитаниците од Словенија (33%) и Хрватска (38%) се нешто порезервирани.

Европските земји остануваат најатрактивни дестинации за преселување на мнозинството од испитаниците, но 45% од работниците од Словенија размислуваат да се преселат во некоја од соседните земји, што е тренд што го следат 40% од работниците од Македонија и Босна и Херцеговина, 27% Хрвати и 26% Срби.

Кога станува збор за европските земји (надвор од регионот), дури 87% од Хрватите ја избираат оваа опција, а слични ставови има и кај испитаниците од Босна и Херцеговина (66%) и Северна Македонија (64%).

Напуштањето на Европа не е особено привлечно за работниците од Хрватска – само 21% од испитаниците се отворени за оваа можност, што е споредливо со ставовите на работниците од Словенија (22%) и Србија (21%).

Идејата за заминување е уште помалку популарна кај испитаниците од Македонија (17%) и Босна и Херцеговина (16%).

Без разлика на земјата на потекло, испитаниците се согласуваат – повисоките плати, подобрите услови за работа и живот, стручното усовршување и социјалната сигурност се главните причини за преселба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија покажа заби, но со минимален пораз се враќа од Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација го поправи впечатокот со изданието кое...

Без голови во Марибор, Германија убедлива во Белград, Холанѓаните ја понижија Грција

Покрај мечот во Глазгов, во кој Македонија доживеа нов...

Aвстралискиот премиер и министерот се избламираа: Микрофоните биле вклучени додека си кажувале „мрсни“ шеги

Австралискиот премиер Ентони Албанес и министерот за енергија Крис...

„Мајкрософт“ се соочува со глобален прекин, милиони корисници се соочуваат со проблеми

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ вчера и денеска се соочува со...