Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово

Date:

Мозаиците од римскиот период на локалитетот Стакина чешма во Валандово конечно ќе бидат заштитени. По 50 години од почетокот на археолошките истражувања, Завод и Музеј Струмица започна реализација на проект за конзервација и реставрација на едни од најзначајните мозаици во државата кои по многу нешта се единствени и раритени Ова е првпат да се спроведе таков проект, кој ќе овозможи обновување и заштита на уникатните мозаички подови.

До сега на локалитетот Стакина чешма кој е датиран од првата половина на четвртиот век има истражено десет простории, сите покриени со мозаици со вкупна површина од 500 метри квадратни.

Покрај стручните тимови од струмичкиот завод и музеј, националната установа Стоби и археолошкиот музеј тимот го сочинуваат седум млади професионалци од седум различни држави, специјализирани за работа на мозаици. Проектот е финансиран со средства од Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЦРКВАТА „СВЕТИ АХИЛ ЛАРИСКИ“ ВО ДОЛНА ПРЕСПА (26)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...

Шкендија оди во следната фаза од квалификациите за ЛШ

Шкендија посакуваше полесно да го победи ТНС и да...

Манчестер Сити потпиша најголем спонзорски договор во историјата на Премиер лигата

Манчестер Сити потпиша нов договор со производителот на спортска...

Џамбаски со остри критики кон Јовева: Ги мрази Бугарите а татко ѝ е од Босилеград

Бугарскиот политичар и поранешен европратеник Ангел Џамбаски во негов...