Пјонгјанг тврди дека новотестираната ракета може да носи боева глава од 4,5 тони

Date:

Северна Кореја тестираше нова тактичка балистичка ракета, соопшти денеска официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА. Пјонгјанг ја лансираше ракетата Хвасонг-11Да-4.5, способна да носи голема боева глава тешка 4,5 тони, наведува КЦНА.

„Пробното лансирање беше извршено со проектил опремен со симулирана тешка боева глава за да се провери стабилноста на летот и точноста на гаѓањето на максимален домет од 500 километри и минимален дострел од 90 километри“, соопшти агенцијата.

Како што се додава, подоцна месецов се очекува ново тестирање на карактеристиките на летот, точноста на ударот и моќноста на експлозијата на просечна оддалеченост од 250 километри.

Новиот севернокорејски ракетен тест доаѓа еден ден откако Сеул, во понеделникот, соопшти дека севернокорејската војска истрелала две балистички ракети со краток дострел, и дека една од двете проби не успеала по можна експлозија во воздух над Северна Кореја.

Извештајот на Северна Кореја за ракетниот тест веројатно е „измама“, изјави на брифинг со новинарите во Сеул портпаролот на Здружениот Генералштаб на Јужна Кореја, полковник Ли Сунг-Јун. „Спроведувањето на ракетен тест во внатрешноста е исклучително ретко и голема е веројатноста дека е лажно да се тврди дека успеал“, рече тој.

Во зависност од дизајнот, балистичките проектили може да бидат опремени со нуклеарна боева глава. Северна Кореја, под раководство на Ким Јонг Ун е под меѓународни санкции поради нејзината програма за нуклеарно оружје. Резолуциите на ОН му забрануваат на Пјонгјанг да лансира и да тестира балистички ракети. Меѓутоа, изолираната азиска земја тоа постојано го игнорира и ги тестира овие ракети.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Вардар ја слави својата 12-та титула, а Седлоски четвртата!

Готово е. Вардар е првак на Македонија за сезоната...

Гвардиола им ветил Ролекси на играчите на Барнли ако го сопрат Арсенал

Кулминира драмата во борбата за шампионската титула во Премиер...

Трамп: Само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека само САД и...