Пјастри пак доминантен, двојна победа на Мекларен во Мајами

Date:

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е победник на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1. Ова беше шеста трка од овогодинешното првенство и четврти триумф на Австралијанецот. Второто место го освои неговиот соиграч Ландо Норис, а Џорџ Расел од Мерцедес исто така се искачи на подиумот, освојувајќи го третото место. Актуелниот шампион Макс Верстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, на крајот заврши на четвртото место.

Пјастри продолжи со своето фантастично возење во Мајами и доминантно дојде до победата. Драмата се случи уште на почетокот од трката. Макс Верстапен стартуваше од првото место, а Норис, кој беше зад него, веднаш се обиде да го престигне, но заврши надвор од патеката на првата кривина, губејќи три позиции во пласманот. Шампионот го држеше првото место, но Пјастри му се приближуваше сè повеќе и повеќе и го престигна во четиринаесеттиот круг, го презеде водството во трката и не го испушти до крај.

Пјастри го зголеми своето водство во генералниот пласман. Тој сега има 131 поени, 16 повеќе од второпласираниот Норис. Верстапен е трет со 99 бода.

Следната трка е Големата награда на Емилија Ромања, која ќе се вози за две недели на патеката Имола во Италија. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија У20 поразена од САД на тестот во Бугарија

Репрезентацијата на Македонија до 20 години беше поразена со...

 Реал Мадрид бара од УЕФА да ѝ ги одземе титулите на Барселона!

Познатото досие што Реал Мадрид го подготвуваше во последните...

ПРИСТАП КОН СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Со...

Трамп бара од Израел и Иран веднаш да престанат со нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на итно запирање на...