Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги пушти билетите во продажба за престојниот меч од квалификациите за ЕП 2024 против Португалија.

Македонија во четврток со почеток од 19 часот ја пречекува Португалија во меч од третото коло во квалификациите за ЕП 2024. Мечот се игра во салата „Борис Трајковски“.

Влезниците се веќе во продажба и чинат по 100 и 200 денари. Можат да се купат он-лајн преку страницата на МК Тикетс, но и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.