Путин ја пофали Северна Кореја и најави подигање на односите на повисоко ниво

Date:

Во пресрет на официјалната посета на Пјонгјанг, рускиот претседател Владимир Путин ја пофали Северна Кореја за нејзината поддршка на војната во Украина и најави подигање на односите со една од најизолираните нации во светот на повисоко нив, пишува „Гардијан“.

Инаку, ова е прва посета на Путин на Северна Кореја од 2000 година, за време на која тој ќе има тет-а-тет средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, додека во меѓувреме двајцата најавија дека ќе ја прошират безбедносната и економската соработка, и покрај западните санкции против двете земји.

Путин, како што објави агенцијата Франс прес, се очекува Путин да пристигне во Северна Кореја придружуван од голем број владини министри и советници, меѓу кои и одговорните за војската и за снабдувањето со оружје. Дел од делегацијата, имено, се и новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов и вицепремиерот задолжен за надгледување на одбранбениот сектор Денис Муратов.

Во колумна за централната новинска агенција на Северна Кореја, Путин ја пофали земјата за цврстата поддршка на војната на Русија во Украина додавајќи оти планира да ги подигне односите со Пјонгјанг на повисоко ниво.

„Агендата е мошне полна… Голем дел од времето ќе биде посветено на неформални контакти меѓу лидерите бидејќи овие преговори ќе ги опфатат најважните и најчувствителните прашања“,изјави помошникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков.

Инаку, ова е едно од ретките патувања на рускиот претседател во странство. Тој ги ограничи патувањата откако ја започна агресијата врз Украина и откако против него Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење поради обвинувањата за масовна депортација на деца од окупираните делови на Украина во Русија.

Северна Кореја ѝ достави на Русија милиони парчиња артилериска муниција од советската ера, како клучна помош и поддршка за руската воена кампања врз Украина. Американскиот секретр за одбрана Лојд Остин минатиот месец пред Конгресот изјави дека испораките на муниција и проектили од Северна Кореја, како беспилотните летала од Иран и помогнале на руската војска „да застане на нозе“.

Пјонгјанг, исто така, ѝ обезбеди на Русија балистички ракети и електронска опрема што Москва ги користи во војната.

За возврат се верува дека Русија на Северна Кореја ѝ обезбедила помош за нејзината сателитска програма, како и друго оружје, економска и дипломатска поддршка, пишува „Гардијан“.

Севернокорејскиот лидер лани го посети далечниот исток на Русија и имаше средба со Путин во Владивосток, каде што заедно ја посетија фабриката за производство на современи борбени авиони и космодромот „Восточни“.

Ким Џонг-ун со оклопен воз пристигна во Русија на средба со Путин

Белата куќа вчера соопшти дека Вашингтон е загрижен поради сè поблиските врски меѓу Русија и Северна Кореја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...