ПУТИН КАЖА ДЕКА „ВАГНЕР“ БИЛ ЦЕЛОСНО ФИНАНСИРАН ОД ДРЖАВАТА

Date:

Владимир Путин кажа дека платеничката група „Вагнер“ била целосно финансирана од државата. Според него, на групата ѝ биле дадени милијарда долари во периодот од мај 2022 до мај 2023 само за плати и бонуси, пари кои дошле од државниот буџет и министерството за одбрана.

„Секогаш сме ги третирале војниците и заповедниците на групата со голема почит, зашто тие навистина покажаа храброст и херојство. Властите ќе испитаат како се трошеле парите што ги добивале Пригожин и ‘Вагнер‘“, кажа Путин.

Откако одби да се стави под контрола на руското министерство за одбрана, групата предводена од Евгени Пригожин во саботата почна побуна, при што го окупираше Ростов на Дон и зазеде воени објекти во Воронеж на пат кон Москва. Притоа биле соборени руски хеликоптери и еден авион, при што загинал непознат број пилоти. И покрај тоа, Путин ги амнестираше Пригожин и останатите бунтовници, откако претходно ги обвини за предавство.

Руските власти кажаа дека групата ќе биде разоружена, а на нејзините припадници ќе им бидат понудени три опции: да заминат во Белорусија, да потпишат договор со министерството за одбрана или да се вратат кој своите семејства.

Пригожин пристигна во Белорусија, чиј претседател Лукашенко кажа дека и неговите борци се добредојдени.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...