Путин и Ким се смееја тестирајќи ја моќната машина

Date:

Рускиот претседател Владимир Путин ја заврши дводневната посета на Северна Кореја, каде имаше срдечна средба со тамошниот владетел Ким Џонг Ун.

Во оваа прилика Русија и Северна Кореја потпишаа договор за стратешко партнерство, а рускиот претседател најде време да се опушти за време на посетата.

Како што покажува видео кое може да се види на социјалните мрежи, претседателите на Северна Кореја и Русија се смееле и се шегувале додека се возеле во луксузна лимузина која Путин му ја подари на Ким Џонг Ун.

На друго видео, Ким може да се види како храни коњ со морков додека Путин гледа и по глава го гали белото животно.

Инаку лидерот на Северна Кореја на подарок добил нова лимузина „аурус“ и сет за чај, додека Путин добил неколку уметнички дела, вклучувајќи слики и бисти, пренесе руската новинска агенција ТАСС. За потсетување, Путин уште во февруари на Ким му подари „аурус“ од руско производство – лимузина каква што користи и рускиот претседател.

Двајцата шефови на држави се повозеа со „аурусот“ што го возеше Путин, но не е познато дали тоа е лимузината што Ким ја добил во оваа пригода.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му подарил на Путин пар севернокорејски кучиња пунгсан.

Расата ловечки кучиња пунгсан се одгледува во Северна Кореја, потекнува од волци и е речиси непозната надвор од земјата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...