Пукна тиквата меѓу Леброн Џејмс и Лука Дончиќ

Date:

Иако изгледа совршен односот меѓу словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ и еден од најдобрите, Леброн Џејмс, сепак тоа не е така и во очите на изворот од НБА, Џон Гамбадоро, кој потенцира дека нешто „смрди“ во соблекувалната на Лејкерс.

Во најновата епизода од шоуто на Бернс и Гамбо, тој изјави дека на Џејмс и на Ривс не им се допаѓа што е Дончиќ во нивна близина.

Леброн не сака да игра со Лука. И Ривс не сака да игра со Лука. Не сака да ја добива топката две секунди пред крајот на нападот. Лејкерс сега ќе се фокусира на градење тим околу Лука, а не околу Леброн. Значи, сега ова е тимот на Лука. Веројатно ќе се врати, но не би рекол дека враќањето на Леброн во Лејкерс е сигурно, бидејќи има играчи на кои не им се допаѓа да играат со Лука – истакна Гамбадоро.
Гамбадоро, исто така, се прашува дали му е тешко на Џејмс да го прифати фактот што првпат во неговата кариера соиграч го презема статусот на главен играч во тимот. Сето ова звучи доста интересно со оглед на тоа што досега немаше знаци на несогласување меѓу нив.

Џејмс често зборуваше со суперлативи за играта на Дончиќ и никогаш јавно не го критикуваше. Тој го правеше ова со другите соиграчи во минатото, но не и со Словенецот.

Што се однесува до Ривс, статистиката покажува дека тој, всушност, треба да биде задоволен што е покрај Дончиќ. На натпреварите што ги одигра минатата сезона без словенечкиот плејмејкер, тој имаше просек од 19,8 поени, 6,3 асистенции, 4,3 скока, 1,3 украдени топки и 0,2 блокади на натпревар, со 45 проценти успешност во шутирањето од поле и со 36,2 проценти во шутирањето за три поени. Кога беше Дончиќ на паркетот со него, Ривс имаше просек од 21 поен, заедно со 4,8 скока, 4,8 асистенции, 0,8 украдени топки и 0,5 блокади на натпревар. Тој беше и поефикасен, шутирајќи 47,9 проценти од поле и 40,2 проценти од далечина.

Постоеше стравување дека доаѓањето на Дончиќ би можело негативно да влијае на напаѓачката улога на Ривс, но бројките велат нешто друго. Петкратниот ол-стар учесник, всушност, си ја олесни играта, што е јасно видливо од тие статистики.

Единствениот вистински проблем во нивната соработка е одбраната. Ниту Дончиќ ниту Ривс не се познати како добри дефанзивци.

Ривс, сепак, ги отфрли критиките за својата одбрана и за одбраната на Дончиќ. Тој верува дека двајцата, заедно со Џејмс, ќе создадат „хаос“ следната сезона. Сепак, останува нејасно дали тројцата воопшто ќе ја делат соблекувалната во сезоната 2025/2026.

Првично се зборуваше дека Ривс би можел да биде продаден ова лето, со оглед на тоа што би можел да стане слободен агент во 2026 година. Се очекува тој да бара договор вреден речиси 30 милиони долари од сезона, што би претставувало огромна финансиска обврска за клубот.

Сепак, тие шпекулации неодамна исчезнаа, но во исто време започнаа шпекулациите дека Џејмс би можел да го напушти клубот. НБА-изворот Шамс Чаранија изјави дека Леброн би можел да си замине ако смета дека Лејкерс нема реални шанси да ја освои титулата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Историска средба во Абу Даби – почнаа разговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон

Руски, украински и американски преговарачи денеска се собраа во...

Изгласан законот за прекршоци – отворен патот за старт на системот „Безбеден град“

Со поддршка на пратениците на Левица но и пратеникот...

THE PUBLICISTIC ACTIVITY OF SLAVÈ KATIN (21)

41. ​​“GJORGI-GEORGE ATANASOSKI (II EDITION)” The Monograph for “Gjorgi-George Atanasoski...

ФИЛИПЧЕ ПРЕФРЛИЛ 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2020 ГОДИНА ЗА ДА ГО КАНДИСА ЖАН МИТРЕВ ДА МУ ЈА ПРОДАДЕ КЛИНИКАТА ЕВТИНО

Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче може да негира...