Таткото на Самоил Костадиновски, (внукот на Љубе Бошковски кој исчезна пред неколку месеци), e пренесен во болница откако во него од мотор пукало непознато лице, објави „Фокус“.
Таткото на Самоил Костадиновски нудеше парична награда во замена за информации во врска со неговиот исчезнат син.
Полицијата го нема докрај расчистено случајот а Самоил Костадиновски не е пронајден. Истрагата за тој настан е уште во тек.
Според информациите, тој последен пат бил виден во близина на амбасадата на Чешка на Водно кога влегол во автомобил заедно со други лица.
Повеќе информации во врска со пукањето кое се случило изутринава МВР најави за подоцна. Неофицијално, човекот пукал од мотор во движење во близина на семејната куќа на Костадиновски во населбата Лисиче.
Внукот на Љубе Бошковски, Самоил Костадиновски исчезна на 4 март и оттогаш од него нема трага.
За грабнувањето на Костадиновски полицијата приведе две лица, но него не успеа да го пронајде.
Пукано е во таткото на исчезнатиот Самоил, семејството се роднини на Љубе Бошковски
