ПТОЛОМЕЈ I НЕ ГИ СМЕСТИ ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ ВО АМОН, КАКО ШТО БЕШЕ ЖЕЛБАТА НА АЛЕКСАНДАР, ТУКУ ВО МЕНФИС, А ПОТОА ВО КРАЛСКИОТ ДЕЛ НА АЛЕКСАНДРИЈА (1)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – III ДЕЛ

Кралството на Птолемеј беше мало по големина во споредба со тоа од Селеукидите, но беше цврсто и строго централизирано. Природата непобитно го направи Египет негов центар и имаше огромно природно богатство. Поттикнати од тоа, првите Птолемејци ја проширија својата моќ, освојувајќи ги Кирена и Кипар, како и Јужна Сирија, населувајќи се на јужниот и на западниот брег на Мала Азија се’ до Тракија.

Главна цел на нивната политика беше да го контролираат морето на источниот дел од Медитеранот и така да имаат водечка улога во меѓународната политика, a со својата трговија да доминираат во светот.

Во кралството на Селеукидите не беше можна ваква централизација на државата како што беше во Египет, бидејќи таму живееше само еден народ, Египќаните. Селеукидите, пак, беа владетели на разни раси како што беа Семитите, Анатолијците и Иранците. Дури и Александар Македонски постапуваше различно со различни делови на државата, со почитување на нивните особености и традиции, па веројатно и Селеукидите го правеа истото.

Но, тие не беа доволно силни за да ја одржат империјата. Наскоро, некои делови се одделија, прво Индија им беше одземена од Кандрагупта, основачот на Муријанската династија, кој ги обедини регионите на реките Инд и Ганг во една голема држава. Потоа, во третиот век пропаднаа Бактрија, Партија, Галатија и кралството на Пергамум, а подоцна и еврејското царство на Хасмонанците.

Ниту државата на Птолемејците, ниту онаа на Селеукидите не беше национална држава. Тие беа територијални држави, во кои античката македонска династија, потпомогната од античките Македонци и античките Грци владееше со над милион ориенталци. Луѓето немаа право на кралско државјанство.

Гробот на Александар Трети Македонски

Само третата голема сила, Античка Македонија, може да се опише како национална држава, бидејќи античката македонската династија владееше со предоминантниот антички македонски народ.

Овој начин на владеење покажува посебна моќ, особено кога ја споредуваме Античка Македонија со двете други сили, моќ која беше искажана и со својот единствен воен систем. Тоа беше причината поради која Римјаните гледаа во Античка Македонија најопасен противник на Исток.

Напорот да се одржи наследството на Александар Македонски особено доаѓа до израз кај Птолемеј I. Тој инсистираше посмртните останки на Големиот крал да се пренесат во Египет, но не го смести во оазата на Амон, како што беше желбата на Александар, туку во Менфис, од каде што беше пренесен во величествена гробница подигната во кралскиот дел на Александрија.

Птолемеј, чија посебна длабока почит кон Александар Македонски е очигледна во неговите мемоари, бара да добие ексклузивно одобрување и благослов за своето кралство дека е произлезено од лизата на Александар Македонски.

Во Александрија, каде што според античките поими херојските почести се направени заради Големиот крал, како основач на градот, и поради други причини, тој направи култ од Александар Македонски, чиј едногодишен свештеник беше епоним за целото кралство.

Во текот на целиот период на Птолемеј, античките грчки и демотичките документи датираа не само од годината на кралот, како што тоа беше обичај во Египет, туку и од годината на овој свештеник на Александар Македонски.

Од почетокот Селеукидите и Птолемејците имаа за цел да привлечат колку што е можно повеќе античко македонско и античко грчко население во своето кралство. Само на овој начин тие можеа да се здобијат со рамнотежа среде ориенталските маси. Селеукидите ги заштитија своите потчинети, според моделот на Александар Македонски, со изградба на бројни градови со античка организација.

Селеук I и неговиот син Антиох I се меѓу најголемите колонизатори во светската историја. He само во Мала Азија, каде што Антигон беше нивни наследник, туку особено во северна Сирија, тие спроведоа обемна програма за изградба на градови, па како резултат на тоа една „друга Античка Македонија” се издигна во овие делови.

Понатаму кон исток можеа да се најдат исто така нивни градови. Тие беа многубројни со Месопотамија, а најмногу во Источен Иран, каде што Александар и им го покажа начинот за изградба на градови.

Од воен аспект, меѓутоа тие започнаа да градат многу воени колонии кои, бидејќи беа селски општини, немаа градска организација. Птолемејците следеа поинаква политика. Во нивното надворешно присвојување, како што беше, на пример, во јужна Сирија и на други места, изградија антички градови, но во самиот Египет, го изградија Птолемај во Горен Египет, чиј основач беше Птолемеј I, единствениот антички град што тие го приклучија кон Александрија и Наукрат.

Обратно, тие ја следеа интензивната внатрешна колонизација со населување на античка македонска и античк грчка војска во селата со пренесување на правото на сопственост на земјата.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Канје Вест и Бјанка, фотографирани во ресторан во Токио, биле расположени

Парот го привлече вниманието на фотографите кога пристигнаа во...

Бен Афлек забележан со поранешната сопруга: „Во последно време често се заедно“

Бен Афлек и Џенифер Гарнер и по разводот останаа...

Легендарниот тапанар на Iron Maiden најави дека се повлекува од турнеите со бендот

72-годишниот музичар  објави дека се повлекува од турнејата и...

Новиот филм на Силвестер Сталоне доби негативни критики: Има најниска оцена на Rotten Tomatoes

Новиот филм „Armor“ во кој главната улога ја игра...