ПСЖ го уништи сонот на Арсенал и договори финале со Интер во ЛШ!

Date:

Екипата на ПСЖ го елиминираше Арсенал од полуфиналето во Лигата на шампионите, откако уште еднаш славеше над „топчиите“, овој пат со конечни 2-1 (севкупни 3-1), закажувајќи мега-пресметка во мечот за трофејот против екипата на Интер. 

Мечот започна со вистинска експлозија на Арсенал. Гостите влегоа во силен налет и веднаш опасно се заканија, одлични шанси имаше Деклан Рајс, а од три страни продираа Сака, Одегард и Мартинели. ПСЖ во воведните минути имаше голем проблем да ја изнесе топката и не можеше да сврзе повеќе од 3-4 прецизни додавања, затоа што „топчиите“ играа висок пресинг и ја крадеа топката уште во раната транзиција на „светците“. 

Делуваше дека Арсенал е многу поблизу до гол, се забележа и загрижувачки израз на лицата кај дел од домашните фанови, но потоа нивните миленици покажаа зошто се во полуфиналето. Најпрво Квича Кварацкелија ја погоди стативата од дваесетина метри, а потоа можеби и малку изненадувачки, стигнаа до водство во 27. минута, кога топката дојде до Фабиан Руиз, кој „распали“ од работ на шеснаесетникот и донесе ерупција на трибините. 

Аплаузот од тренерот Луис Енрике ги охрабри домаќините и потоа делуваа многу постабилно и поцврсто на средината. Арсенал се обиде повторно да притисне и да игра високо пред голот на Донарума, но италијанскиот голман беше на висина на задачата, а имаше и две прекрасни интервенции уште во раната фаза од мечот. На паузата остана минималната предност за францускиот тим, 1-0. 

Второто полувреме очекувано донесе нова иницијатива на Арсенал, гостите постојано кружеа околу голот и се обидуваа да дојдат барем до еден гол, но немаа рецепт за да ја пробијат гранитната одбрана на ПСЖ. Сака шутираше од лево, но Донарума уште еднаш покажа дека е можеби најдобар светски голман во моментов. 

Домаќините не се откажуваа од противнападите и трпеливо ја чекаа својата шанса. Потоа се случи момент кога Сака беше сопнат во шеснаесетникот, судијата одмавна со раката, а во следниот напад Хакими биеше директно во голманот Раја. Сепак, топката ја погоди дланката на Мајлс Луис-Скели, а ВАР-собата реагираше дури после стотина секунди. 

Витиња го изведе веројатно најлошиот пенал во кариерата во 69. минута, Раја го одбрани млакиот удар, но тоа не ги демотивираше „светците“. Малиот притисок конечно се исплатеше само три минути подоцна, кога Ашраф Хакими стрелаше за 2-0 и ПСЖ се чувствуваше покомотно. 

Арсенал не се откажа и бргу се врати во мала неизвеност со голот на Букајо Сака во 76. минута. Завршните петнаесеттина минути минаа во знакот на „топчиите“ и нивната офанзива, шанса имаше и Калафиори, но и ПСЖ возвраќаше со иста мера, а играта во овие моменти потполно се разгоре. 

Сака имаше уште една голема шанса, не успеа да го матира Донарума, а времето полека минуваше и стануваше јасно дека Арсенал ќе доживее елиминација. ПСЖ умешно го приведе мечот кон крајот и донесе огромна радост за фановите кои сега ќе се подготвуваат за големото финале против Интер на 31 мај. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...