ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Date:

Група граѓани, членови на политичката партија Демократи одржа мирен протест во знак на револт против одлуката на Уставниот суд за зголемувањето на платите на функционерите.

„Нема пари за лекови, има пари за 78 отсто“, „Итно отповикување на срамната одлука на Уставниот суд“, „Судии! Независно судство е и Ваша лична слобода“,  „78 отсто грабеж на народниот буџет“, „Астрономски плати за функционерите, а народот гладува“, беа транспарентите на собраните граѓани.

Демократи порачаа дека изминатите 30 години ништо не е сменето и се дозволи младите да заминат од државата. Тие побараа воведување една изборна единица со отворени листи, еднакво финансирање од Буџетот на сите политички субјекти кои учествуваат на изборите, како и нивна еднаква застапеност во медиумите.

Протестот беше најавен преку социјалните мрежи пред Уставниот суд, а се одржа пред Археолошкиот музеј.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...