Со свирчиња, транспаренти, македонски знамиња и извици „Не за рудници“ стотици еко-активисти и граѓани, во присуство на претставници на општинската управа, претставници на црквата го почнаа протестот против одлуката на владата да ги спои концесиите и да дозволи во Иловица да профункционира рудник.

Протестот во Струмица се одржа во близина на „Глобал“ а според најавите протестите ќе продолжат и во иднина заедно со кривични пријави, герила акции и борба на сите нивоа од општините, до највисоките инстанци на власта. Присутните ја запалија одлуката на владата со која се дозволува спојување на концесиите.

Протестот се организира по информацијата дека Владата донела одлука за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден. Еколошките здруженија добија силна поддршка во борбата против рудниците

Еколошките здруженија добиваат силна поддршка во борбата против „рудниците на смртта“ во струмичко. Иницијативата „Здрава котлина“ повика на протестна блокада против рудникот Иловица-Штука, но постави правила на однесување забрана за реквизити, со цел непотребно етикетирање, навреди и избегнување можни меѓусебни конфликти. Притоа им порача на сите оние коишто сакаат да го поддржат протестот, дека е забрането да носат партиски обележја и да се скандираат партиски слогани.

„За оние кои нема да се придржуваат на правилата ќе се постапи соодветно, затоа што ќе ги сметаме за провокатори кои сакаат да внесат раздор“, велат од „Здрава котлина“.

Немојте да мислите дека ќе се отвори рудник, зашто тоа ќе доведе до отворени насилни судири и дестабилизација на државата. Такво нешто никогаш нема да има, рече еден од демонстрантите по што останатите извикуваа „Стоп за рудници, стоп за Иловица“.

Активистите го нарекоа спојувањето на концесиитее „криминален заговор против сите граѓани на Македонија“. Побараа да биде одземена концесијата и да нема рудник. Критики упатија и кон ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и кон ДУИ.