Протест за поголеми плати на работниците

Date:

Протестот за поголеми плати на работниците, во организација на Сојузот на синдикати започна попладнево како што беше најавено од пред Работничкиот дом. Учесниците на протестот на овој начин го изразуваат своето незадоволство од висината на платите и бараат зголемување од најмалку 6.000 денари, за минималната да се искачи на 600 евра.

На протестот, како што велат очевидци има неколку илјади луѓе, а забележливо е и присуството на полицијата. Сообраќајот во центарот на Скопје е целсоно парализиран.

Протестот наиде на поддршка од опозициските СДСМ и Левица, додека пак, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека има политичка заднина.

Некои синдикалци, како Кристина Ампева од Гласен текстилец,  порачаа политичките партии „да ги тргнат канџите“ од протестот.

„Се виде сите партии 30 и кусур години што направија за македонскиот работник, па нејасно ми е како сега уста полна со работниците и нивните плати“, порачаа таа преку соццијалните мрежи.

Лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов вчера изјави дека овој протест е „за вашите деца, за вашите ќерки, за вашите синови. Овој протест е и за вашите внуки, за вашите внуци, за да ги зачуваме нашите семејства во Македонија и да не ни заминуваат во странство“.

Тој апелираше за што поголема излезност на протестот, бидејќи, како што рече „другите не бројат и другите сметаат дека ако не дојдете им давате огромна поддршка да не ви ја зголемат платата“.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, им порача дека ова е нивна борба и со својата масовност покажуваат дека ова не е проблем
на поединци.

„Нема повеќе да се молиме, ќе се бориме. Од пред симболот, Работничкиот дом, одиме пред Собранието, кај газдите и пред Владата. Нека не бројат -многу сме!“, рече Трендафилов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...