ПРОСЛАВИ ЗА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН ВО ЉУБОЈНО И ПРЕСПА (42)

Date:

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ (2013), издание на „Македонска искра“ од Скопје и на Македонско друштво „Љубојно“ од Детроит, е отпечатена во 2013 година, на 320 страници на македонски и на англиски јазик, чиј автор е Славе Катин, а коавтор е Бошко Рајчовски – Пелистерски од САД.

Делото е посветено на Илинден и на илинденските иселенички средби во Љубојно, како и на други теми поврзани со Љубојно и етничка Преспа. Рецензенти на ова дело за Љубојно и Преспа се: проф. д-р Петре Георгиевски, проф.д-р Никола Јанкуловски и Д-р Петре Лубаровски.

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ е сведок на судбини на Љубојно, на Преспа, на Македонија. Во делото е изразена силната љубов кон родната земја, особено на оние кои го напуштиле родното дедовско огниште, но се поврзани по семејна или друга врска со тој убав, борбен, патриотски и значаен дел на етничка Македонија. Кој е поделен меѓу три држави.

Монографијата претставува значаен прилог и придонес на публицистичкото творештво. Таа е огледало и свидетелство на убавиот збор и откривање на судбината на печалбарскиот крај Преспа.

Промоции и објави:

За прв пат монографијата беше претставена пред публика на Илинденските иселенички средби во Љубојно во 2013 година од проф. Д-р Петре Георгиевски, проф. Д-р Никола Јанкуловски и проф.д-р Васил Граматниковски, за која, меѓу другото беше речено дека таа претставува значаен прилог и придонес на публицистичкото творештвона авторите.

На 13 октомври 2013 година се одржа првата промоција надвор од Македонија на делото „Љубанските илинденски исленички средби и тоа во македонската православна црква „Света Мала Богородица“ во Детроит. Во присуство на голем број Македонци од Љубојно, Преспа, Битолско, Тетовско и други делови од етничка Македонија, делото го претстави пред присутните надлежниот архиереј на Американско-канадско-македонска епархија, надлениот архиереј г. Методиј.

На 20-ти октомври 2013 година, пак, во Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто, исто така, се одржа промоција на монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“. Ова значајно дело беше промовирано во рамките на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое е во состав на црквата „Св. Климент Охридски“ од Торонто чиј промотор беше cвештеникот на цpквата Проф. Илија Донев.

На прославата 40 години на „Љубанските илинденски исленички средби“, во 2014 година, исто така, беше промовирана монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, во која е претставен дел од историјата на етничка Преспа, еден од убавите и значајни дел  од Маке-донија. Промотори беа д-р Васил Граматниковски и д-р Петре Лубаровски, кои пред присутните иселеници од Љубојно, Преспа и пошироко од цела етничка Македонија ги истакнаа фактите за нивното иселување.

Значајно е тоа што текстови за етничка Преспа се објавени шенаесет (16) во Веб-порталот „Преспана“, од 18 декември до 19 мај 2015, (на македонски).

Во порталот „Македонска нација“, во 2021 година се објавени дваесет и две (22) продолженија од монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, а поголем број се објавени и во „Македонско сонце“ Исто така, во порталот „Мактел’ од Сиднеј, Австралија се објавени дваесет и две (22) продолженија од ова монографија, како и дваесет и две (22) продолженијаи во „Македонска нација“ од Скопје. Истите (22) продолженија се објавени и во порталот „Македонско сонце“, Скопје

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...