Пронајден џиновски пајак кој може да пробие човечки нокт

Date:

Австралиски парк за рептили доби пајак за кој се верува дека е најголемиот од ваков вид откриен досега. Името го доби по актерите, браќата Хемсворт – Крис, Лиам и Лук, а беше дониран во паркот со цел да се создаде противотров, пренесува Н1,инфо.рс.

Има распон на нозете од 9,2 см, надминувајќи го рекордот што претходно го држеше пајакот Херкулес (7,9 см). Отпрвин, поради големината, се мислело дека е женско, но понатамошните истражувања покажале дека се работи за мажјак.

„Секоја година добиваме околу стотина пајаци кои се донираат во програмата против отров, но Хемсворт е различен. Тој е најголемиот пајак. Многу поголема од која било што ја добивме оваа година“, објаснува чуварката на пајаци Ема Тени во видеото објавено на официјалниот Инстаграм профил на австралискиот парк за рептили.
Овој пајак е толку силен што неговото каснување може да пробие човечки нокт. Притоа, од паркот истакнаа дека е многу значаен бидејќи се работи за машки пол. Познато е дека тие се многу поопасни и можат да произведат многу повеќе отров отколку женките.

„Да имаме машки пајак со оваа големина во нашата колекција значи дека производството на отров може да биде значајно, што го прави непроценлив за нашата програма за развој на противотров“, вели Ема.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...