Спасувачките тимови во водите на вештачкото езеро Глажања во општина Липково го пронашле телото на 29-годишниот Ф.Р од село Никуштак кој од 30 јули се води како исчезнат во водите на вештачкото езеро кај браната „Глажња“ во општина Липково.

На терен беа и директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути.

Ангелов посочи дека четиринаесет нуркачи од специјалните единици „Тигар“ и „Волци“ го пребарувале езерското дно, а истовремено имало неколку тимови на ДЗС и нуркачи од ДЗС кои пребарувале во водите на езерото и на брегот.

Директорот на ДЗС Максути, пак, порача дека заедничките тимови на ДЗС и на Министерството за внатрешни работи, како и доброволни друштва и тимовите кои се дел на Дирекцијата веќе неколку дена трагале по исчезнатото лице.