ПРОМОЦИЈА НА ТРИ ПУБЛИКАЦИИ НА СЛАВЕ КАТИН ВО ТОРОНТО

Date:

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, кое е во состав на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски”, на 14-ти декември 2023 година, се одржаа промоции на три дела на Славе Катин и тоа: „Избор на трудови“, „Огледало“ и „Александар Македонски“. Овој културен наста го благослови свештеникот на Црквата Сашо Целески, а Зоран Карапанчев, претседателот на Друштвото ја отвори манифестацијата и зборуваше за делото „Огледало, Потоа, Драгица Димовска, уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“ од Торонто, ја промовираше публикацијата „Избор на трудови“, додека романот „Александар Македонски“ го претстави Димитар Цонев, координатор на Друштвото. На присутните им се обрати и авторот Славе Катин.

Во своето излагања за публикацијата „Избор на трудови“, Драгица Димовска рече дека ова е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и дека е печатено во 2023 година на 430 страници на македонски јазик, чиј спонзор е бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасовски од САД, а рецензенти се се Душан Ристевски-Македон од Австралија и д-р Џорџ Бранов од Канада. Публикацијата претставува исцрпен осврт за дел од објавени трудови на Славе Катин кои се однесуваат на вистината на неговото творештво, за македонското иселеништво ширум светот, за црковно-духовниот живот, за голем број познати личности и други текстови поврзани со етничка Македонија.

Делото „Избор на трудови“ е посветено на публицистичката дејност на Славе Катин, кој  е истакнат и докажан новинар, духовен посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, автор на 62 публикации и на околу 5.000 новинарски и други текстови, од кои 22 публикации се со името Македонија, 20 монографии за познати личности од дијаспората и Македонија, 7 лексикографски изданија и други различни дела. Исто така, тој е познат, признат, уважен и респектиран на низа полиња и децениски потврден во македонските заедници во светот, македонските православни општини, цркви и манастири, како и македонските друштва, информативните гласила и друг вид асоцијации во дијаспората, рече Драгица Димовска.

За публикацијата „Огледало“ Зоран Карапетров рече дека тоа е дело на „Македонска искра“ од Скопје, и е спонзорирано од Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од САД. Делото е отпечатено на 140 страници, на македонски и на англиски јазик. Рецензенти на оваа публикација се: Гордан Јорданов, директор на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ од Вашингтон, за Македонија и Европа и Душан Ристевски-Македон, поет, драматург, публицист, основач и претседател на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Делото „Огледало“ е посветена на Славе Катин и добивањето на престижната „Награда за животно дело 2022“ од организацијата „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД. Оваа награда му беше доделена на Славе Катин на 5-тата Глобална конференција на ОМД во Скопје, Македонија, која се одржа во јули 2023 година. Поради здравствени причини, Славе Катин не присуствуваше на Конференцијата, но наградата ја прими неговата ќерка Дафинка Катин Скатоца и внуката Изабел Катин Скатоца, кои живеат во Рим. По овој повод Славе Катин ја припреми публикацијата „Огледало“ со цел да го отслика неговото 50 годишно творештво и одбележи неговиот 82 роденден и, секако, да се одбележи добивањето на оваа престижна награда.

Покрај Славе Катин, досегашни добитници на „Наградата за животно дело“ се и поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, Џон Битов и Џејмс Сандерс од Канада, Џорџ Атанасоски, Атанас Коларовски и Луј Влашо од САД и Мик Веловски од Австралија.


Дел од присутните на промоцијата

Исто така, во публикацијата „Огледале“ се дадени текстови за Славе Катин кој е добитник на наградата „Повелба за животно дело“ што ја доделува Советот на Пелагониските средби од Новаци-Битола за неговиот севкупен труд, дела, дострели и придонес во науката, културата, новинарството, религијата и општественото живеење, за „Наградата за животно постигнување во творештвото“, која му беше влачена на „49-те Иселенички Љубински средби“ во Љубојно, Преспа, и за престижната награда „Крсте Петков Мисирков 1991“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија од областа на журналистиката,. Инаку Славе Катин е почесен член во литературните друштва „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада и “Григор Прличев“, од Сиднеј, Австралија, и доживотен волонтерски член во фондацијата „Атанас Близнаков“ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За историскиот роман „Александар Македонски“ чиј рецензенти се д-р Владан Велков и Александар Донски, зборуваше Димитар Цонев. Тој, меѓу другото реќе дека романот е издание на Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје. Тој е отпечатен на македонски јазик, на 540 страници и претставува значаен придонес и прилог кон осветлувањето на голем број аспекти за древноста и континуитетот на историската вистина за Античка Македонија.

Во историјата Александар Македонски ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок. Римјаните кои ќе тргнат по стапките на античките Македонци, ќе го наречат „Alexander Magnus“ (Александар Велики).

Така и германскиот научник Улрих Вилкен (Ulrich Wilcken) во историскиот роман ќе го нарече ALEXANDER THE GREAT (Александар Велики), кој е преведен и приспособен од англиски на македонски јазик како „Александар Македонски“ од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година, на 390 страници. Овој превод  беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик.

Благодарение на порталите „Македонска нација“ од Македонија и „Мактел“ од Австралија, романот „Александар Македонски“ беше печатен во континуитет скоро година и половина, во стотина продолженија, со цел широката читателска публика да се запознае со вистината и со ликот, како и со делото на големиот стратег, мислител и дипломат – Филип II Македонски и со неговиот син – најголемиот досега воин, освојувач на земји и цар на силното Македонско Царство  – Александар III (Велики) Македонски.

Во ова дело коавтор е Георги Бранов, по потекло од селото Буф, во Егејска Македонија, доктор по ветеринарни науки кој педесетина години живее во Канада и ја брани вистината за Македонија, особено за Античка Македонија. Тој е еден од Македонците кој најмногу се запознал и го почитува историскиот развој и вистината за Александар Македонски и Античка Македонија од автори кои пишуваат за оваа проблематика на англиски јазик. Затоа неговиот придонес има големо значење во ова дело, насловено „Александар Македонски

Вера Вржовска-Петревска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло...

Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во...

Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години,...

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...