Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди

Date:

Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од свежи јагоди – пролетен десерт кој вреди да го пробате дома. 

Со доаѓањето на јагодите на тезгите на пазарите и во маркетите, официјално може да се каже дека започна пролетта.

Доколку сте љубител на јагоди, освен што уживате во нивниот вкус свежи, може да пробате и некој неодолив десерт. 

Предлагаме вкусни мини лиснати штрудлички со фил од јагоди.  

Потребни состојки:

  • 500g готово лиснато тесто
  • 500g јагоди
  • 800ml вода
  • 130g шеќер
  • 20g нишесте
  • 20ml вода
  • 20ml вода
  • 1 јајце
  • 30ml млеко
  • 100g коцки мраз
  • 200ml Sprite

Начин на подготовка: 

  1. Одвиткајте го лиснатото тесто и размесете го малку со сукало од сите страни, па пресечете тенка линија од краевите.
  2. Пресечете го тестото на три еднакви и рамни делови по должина.
  3. Исчистете ги јагодите, измијте ги и исечкајте ги на поситни парчиња.
  4. Ставете ги јагодите во тенџере, додадете 130g шеќер, измешајте ги добро и оставете ги на тивок оган околу 7 минути.
  5. Во мал сад, ставете 20g нишесте и 20ml вода, измешајте добро и истурете ја смесата кај јагодите со постојано мешање за да се згусне смесата како желе.
  6. Истурете го филот со јагоди во сад, покријте со стреч фолија темелно од сите страни и оставете да се излади 30 минути.
  7. Намачкајте од филот по средината на сите три парчиња лиснато тесто, а одозгора може да наредите и малку сечкани јагоди.
  8. Со силиконска четка премачкајте ги со вода сита краеви од тестото за да може да се залепи.
  9. Спојте ги двете страни од тестото во средина (по должина) и со прстите убаво притискајте за горниот дел да остане затворен.
  10. Со помош на нож за сечење пица, исечете ги краевите и префрлете во плех на хартија за печење, па направете засеци на иста оддалеченост по тестата за потоа полесно да ги исечете.
  11. Во мал сад изматете ги јајцето и млекото, па премачкајте ги одозгоре тестата и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 30 минути.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...