Во битолскиот основен суд продолжува судењето против Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб од Битола што беше именуван по соработникот на фашистите Иван (Ванчо) Михајлов кој е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Кривичната постапка против него ја поведе Основното јавно обвинителство од Битола.
На претходното рочиштето кое траеше околу два часа беа сослушани двајца од сведоците на Обвинителството, и тоа Стефан Бошков, претседател Сојузот на борци од Битола и внук на народниот херој Стив Наумов, како и публицистот Зоран Ѓоргиев, кој неодамна ја објави книгата за историјата на битолските Евреи „Траги на еврејското наследство во Битола“.