Продолжува снимањето на филмот „Rust“ на Алек Болдвин, муницијата ќе биде забранета

Date:

Снимањето на „Rust“, ​​со Алек Болдвин во главната улога, продолжи вчера 18 месеци откако кинематограферката Халина Хачинс беше убиена на снимањето на вестернот, објавија продуцентите во вторникот.

Снимањето ќе се одвива на Yellowstone Film Ranch во Монтана. Пред несреќата, снимањето беше на ранчот Бонанца Крик во близина на Санта Фе, Ново Мексико.

Хачинс (42) им подлегна на повредите во октомври 2021 година, откако беше застрелана од огнено оружје што го држеше Болдвин, продуцентот на филмот и главната ѕвезда. Актерот, кој ја усмрти Халина и го рани режисерот Џоел Соуза, рече дека му било кажано да употреби пиштол Колт- 45 кој нема вистински куршуми.

Тој беше обвинет за убиство од небрежност и се изјасни за невин. Под истото обвинение е и Хана Гутиерез-Рид, одговорната за оружјето на сетот. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари. Почетокот на прелиминарното рочиште е закажано за мај.

Метју Хачинс, сопругот на убиената Халина, сега ќе биде извршен продуцент на „Rust“ , а Бјанка Клајн ќе ја преземе кинематографијата.

Во продукцијата се враќа и режисерот Џоел Соуза, кој беше ранет во пукањето. Продуцентите ги ангажираа Гери Џенсен и Пол Џордан, кои ќе бидат задолжени за безбедноста на сетот.

Несреќата предизвика шок во Холивуд и резултираше со јавен повик за целосна забрана за употреба на вистинско оружје на снимање.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...