Продолжен рокот за имплементација на корективните мерки за Охридскиот Регион, УНЕСКО даде уште една година

Date:

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска во Париз донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и природни наследства во опасност.

Ова значи дека Охрид и Република Македонија, заедно со Албанија, добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии. Извештај до УНЕСКО ќе треба да достават до 1 февруари наредната година.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека статусот на Охридското Езеро како природно и културно наследство е зачуван. Тој нагласи дека овој успех е резултат на „активна, посветена и координирана дипломатија во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница“.

Муцунски истакна дека од првиот ден, заедно со премиерот Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, активно се вклучиле во процесот, водејќи интензивни разговори и градејќи заеднички позиции со државите-членки на Комитетот за светско наследство.

Тој ја критикуваше наследената ситуација за која рече дека била резултат на „години запоставување, неодговорно управување и недостаток на суштински мерки од претходната Влада“, додавајќи дека нивниот пристап бил „посветен и фокусиран на резултати“.

И покрај зачувувањето на статусот, Муцунски е свесен дека ова е само прв чекор.

„Пред нас стои обврската да обезбедиме долгорочна заштита, одржливо управување и повторно да ја изградиме довербата во институциите и капацитетот на државата да се грижи за своето највредно природно и културно наследство“,рече тој на денешната прес-конференција во Владата.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, додаде дека одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО им дава на Македонија и Албанија дополнителна година за спроведување на корективни мерки, односно временска рамка за имплементација на активностите за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Љутков нагласи дека оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на Македонија и Албанија, кои биле препознаени од членките на Комитетот. Тој посочи дека била очекувана препорака за ставање во опасност, но оти со „заедничка дипломатска офанзива“ успеале да обезбедат дополнителна година.

Одлуката на Комитетот, според Љутков, ќе биде поттик и мотивација сериозно да се продолжи со конкретните мерки кои ќе овозможат итна имплементација на предвидените корективни мерки базирани на препораките од реактивните мисии од 2020 и 2024 година, како и на стратегискиот план за рехабилитација.

Љутков критикувајќи ја претходната власт рече дека сега „не смееме да си дозволиме однос кон светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион како во минатото“.

Тој потсети дека двапати се има случено да се ветува, но ништо не е направено за време на Владата на СДСМ и ДУИ.

„Во последните седум години ниту една од препораките од УНЕСКО не се земени предвид и наместо заштита бевме сведоци на непостапување по експертските извештаи и системско разнебитување“,додаде Љутков обвинувајќи ја претходната власт дека го довела Охрид на работ на губење на својот статус.

Љутков најави максимален ангажман, во координација со сите надлежни институции и домашни експерти, за зачувување на статусот на Охрид и Охридскиот регион, што е „обврска и должност кон државата“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...