Агенцијата за управување со одземен имот информираше дека се продадени четири недвижности одземен имот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.
Парите ќе се вратат во буџетот на државата. Станува збор за три стана и една гаража. Агенцијата за управување со одземен имот во септември успеа да продаде вкупно три одземени недвижности од Мијалков, согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“. Претходно, во јули годинава на аукција на берза беа ставени запленети акции на Мијалков.