Грција е една од најатрактивните дестинации за летување во светот. Оваа година туристите имаат уште една дополнителна причина да ја посетат оваа земја.

Тоа е хотелот „Калило“ (Calilo), кој неодамна беше прогласен за најубав хотел во светот. Хотелот воодушевува со необичниот дизајн, а се наоѓа на островот Иос, во близина на популарните Миконос и Санторини.

Хотелот е опкружен со дури 1.000 хектари заштитено земјиште и златен песок. Тој има 30 раскошни апартмани, секој посебно дизајниран.

Секој апартман има панорамски поглед на морето, пристап до песочната плажа, мал приватен базен и романтичен кревет.