Откако во јуни беше хоспитализирана поради сериозна, потенцијално фатална бактериска инфекција, Мадона ја продолжи својата турнеја The Celebration оваа есен.
Последните денови се појави видео од нејзиниот концерт во Германија и провокативен настап со еден од танчерите.
Имено, со песната Papa Don’t Preach, Мадона и нејзиниот танчер се прегрнаа на креветот во долна облека и ги допираа интимните делови, а видеото брзо предизвика лавина негативни коментари. „Воопшто не ми се допаѓа ова. Како да ја гледам баба ми како го прави тоа“, „Дали таа мора да привлекува внимание на себе на овој начин?“, „Има 65 години и ова е толку непријатно за гледање. “ напишаа фановите под видеото.
Имало и такви кои застанаа во одбрана на поп-пејачката. „Имам 50 години и не се сеќавам што направив вчера, таа изгледа одлично“, „Луѓето треба да сфатат дека ова е уметничка изведба“, напишаа други.
Потсетуваме, откако беше хоспитализирана, Мадона закрепнуваше неколку недели во својот дом пред да се врати на закажаната турнеја. “Закрепнувам и исклучително сум благодарна за сите благослови во мојот живот. Првата мисла, кога се разбудив во болница, беа моите деца”, напишала Мадона по излегувањето од болницата.
„Друга мисла беше дека немав намера да го разочарам секој што купил билети за мојата турнеја. Исто така, не сакав да ги изневерам луѓето кои напорно работеа со мене во изминатите неколку месеци. Мразам да разочарувам“, додаде таа.