Пријател на Брус Вилис: Поради деменцијата, тој веќе не зборува

Date:

Пријател на Брус Вилис вели дека актерот ја губи „животната радост“ и „јазичните вештини“ поради напреднатата деменција.

Минатата година, 68-годишниот Вилис се повлече од јавниот живот и актерството поради здравствената битка со афазијата, која предизвикува влошување на говорните способности на пациентот.

Потоа, во март годинава, семејството на Вилис објави дека неговата болест „напреднала“ и дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

Ема и Брус Вилис

Глен Гордон Карон, кој ја создаде серијата „Moonlighting“ во осумдесеттите години и му донесе светска слава на Вилис, го сподели своето искуство по средбата со актерот среде неговата здравствена битка.

„Моето чувство е дека тој знаеше кој сум јас во првите три минути. Тој не е целосно вербален. Порано беше незаситен читател, иако не сакаше никој да го знае тоа, а сега не чита. Сите тие јазични вештини повеќе не му се достапни, но тој сѐ уште е тој – Брус. Кога сте со него, знаете дека е Брус и сте благодарни што е таму, но веќе нема животна радост“, изјави Карон во потресното интервју за „Пејџ сикс“.

Во моментов, за Вилис се грижи неговата сопруга Ема Хеминг, со која има две помали ќерки – 11-годишната Мејбел и 9-годишната Евелин.

Исто така, актерот има три возрасни ќерки – Румер (35), Скаут (32) и Талула (29), кои ги доби со неговата поранешна сопруга Деми Мур, која и ден-денес е во добри и пријателски односи со Вилис и неговата сегашна сопруга.

Инаку, Карон се обидувал да го посетува Вилис барем еднаш месечно, уште од самиот почеток на здравствните проблеми на актерот.

„Се трудам да разговарам со него и неговата сопруга, а и да имам лежерен однос со неговите три поголеми деца. Многу се трудев да останам во неговиот живот. Она што ја прави неговата болест толку страшна е тоа што ако некогаш сте поминале време со Брус Вилис, тогаш знаете дека не постои некој што имал поголема животна радост од него. Брус навистина сакаше да се буди секое утро и да го живее животот во потполност, но сега живее како да ‘го гледа животот низ мрежаста врата’“, изјави создавачот на „Moonlighting“.

Иако деменцијата на Вилис сѐ повеќе напредува, Карон успеал да му ја соопшти веста дека нивната серија „Moonlighting“ од неодамна се емитува на филмската платформа Хулу.

„Знам дека е многу среќен што серијата ќе биде достапна за луѓето, иако не може да ми го каже тоа“, изјави Карон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...