Пријателот кој го пронајде телото на Мајкл Медсен откри шокантни детали

Date:

Долгогодишниот пријател и асистент Даги Смит изјави дека актерот Мајкл Медсен бил во добра здравствена состојба, а истото го потврдиле и лекарите само неколку дена пред неговата ненадејна смрт.

Тој за „ТМЗ“ изјави дека ѕвездата од „Убиј го Бил“ во петокот имал рутинска посета во болница за да го провери неговото рамо, поточно повреда, која ја добил откако паднал од коњ пред околу две години. Мајкл размислувал за операција, но поради неговиот зафатен распоред, засега одлучил да го прицврсти рамото со протеза.

По падот, Мајкл доживеал и мал мозочен удар, па затоа направил ПЕТ скенирање за да се увери дека сè е во ред – и според неговиот асистент, лекарите потврдиле дека е во добра здравствена состојба.

Затоа, како што вели Даги, смртта на Медсен била шок за неговото семејство и пријателите.

„Изгледаше како да е во најдобрата форма што ја имал во последната година“, рече тој.

Смит, исто така, рече дека тој бил оној што го пронашол Мајкл мртов во четврток наутро. Не можел да го добие цел ден во средата, па затоа одлучил да го посети, а откако влегол во неговиот дом го нашол во креветот околу 8:30 часот наутро.

Последен пат разговараа во вторник навечер, а Дуги вели дека Медсен звучел одлично и со нетрпение го очекувал претстојниот настан „Комик-Кон“ во Нешвил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...