Притвор за кратовчанката која незаконски наплаќаше карти за влез во локалитетот Куклица

Date:

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово побара, а судот прифати ѝ и определи мерка притвор на 41-годишната кратовчанка која е осомничена за спречување полицајаци во вршење службено дејствие како и за узурпација на локалитетот Куклица, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинителството осомничената со години незаконски им наплаќала влез на посетителите на споменикот на природата, а при последната интервенција физички ги нападнала полицајците.

Како што информираше Обвинителството, осомничената подолг временски период, и покрај претходно преземените мерки од надлежните институции, продолжила незаконски да го узурпира локалитетот Куклица, кој со указ е прогласен за споменик на природата.

Таа, како што се наведува, без правна основа им наплаќала влезници на посетителите, се расправала со нив и им упатувала закани, со што континуирано го нарушувала јавниот ред и мир.

„При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие, односно физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и да  ја приведат. Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот Куклица, во која и се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнува да го прими и почитува решението.
Исто така, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие кон пазарни инспектори“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека поради опасност од бегство, како и поради околностите што укажуваат дека осомничената би можела да продолжи со вршење кривични дела, јавниот обвинител предложил определување мерка притвор, а судот го прифатил предлогот и донел решение за определување притвор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...