Принцот Хари сака да се врати на кралските должности: Кралот Чарлс и принцот Вилијам се против тоа

Date:

Принцот Хари за време на интервјуто за „Гуд морнинг Америка“ изјави дека го сака своето семејство и дека се надева по дијагнозата на рак на неговиот татко повторно ќе се обединат сите. Потоа, се појави веста дека би сакал да му помогне на своето семејство во овие тешки моменти, односно би ја прифатил поканата повторно да преземе должности во британското кралско семејство.

Меѓутоа, како што пишува британски „Телеграф“ нема враќање назад во кралското семејство за војводата од Сасекс, за да преземе привремена работна улога додека неговиот татко е болен.

Условите на „Самитот во Сандрингем“, како што е договорено меѓу војводата и неговата покојна баба, татко и брат, сè уште стојат. Хари се откажа од должностите како активен член на кралското семејство и се обврза да не ја користи својата титула за комерцијални цели.

„Тие услови беа сосема јасни, а болеста на кралот не го промени тоа“, изјавил извор близок до семејството.

Инаку, неодамна Хари беше во Велика Британија без Меган Маркл и таму помина само еден ден. Тој се состана со кралот само 45 минути, а не се сретна со својот брат, принцот Вилијам, со кој има многу заладени односи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...