На британскиот принц Хари му беше наложено да плати 48.000 фунти на издавачката куќа „Мејл он сандеј“, откако го загуби судскиот спор против британскиот таблоид што го тужеше за клевета.

Меѓу многуте тужби поднесени од помладиот син на кралот Чарлс III против британски весник, една се однесува на напис за неговата полициска заштита додека бил во ОК.

Во спорниот напис, објавен во февруари 2022 година, Хари е погрешно обвинет, според неговата одбрана, дека „лажел“ и „се обидувал да го задржи во тајност“ барањето до владата да му даде полициска заштита додека е во ОК.

Откако неговата тужба беше одбиена на суд, судството му наложи да плати 48.447 фунти до 29 декември.

Хари и неговата сопруга Меган Маркл го напуштија кралското семејство и Велика Британија, па повеќе немаат право на полициска заштита на сметка на британските даночни обврзници.

Синот на кралот, кој затоа понекогаш мора да прибегне кон приватна заштита на сопствен трошок, побарал да може да користи полициска заштита, платена од негови сопствени средства, кога е во ОК. Судот го одби тоа барање во мај.

Хари потоа почна втор случај, оспорувајќи го прекинот на систематската поддршка за неговата безбедност додека е во неговата матична земја.