Добитник на Светската награда за хуманизам за 2024 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е Никола Петровиќ Његош, Принц на Црна Гора, Претседател на Фондацијата „Његош“, која е во тесна соработка со Обединетите нации и УНЕСКО во реализација на значајни меѓународни проекти од областа на хуманизмот и го организира Интернационалното биенале на уметноста во Кралскиот дворец во Цетиње.
Принцот Никола Петровиќ Његош е осумнаесетти добитник на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.
Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, Никола Петровиќ Његош истакна: „Би сакал да Ви се заблагодарам што ми ја испративте одлуката на Меѓународното жири на Охридската академија на хуманизам. Чест и задоволство ми е да ја прифатам номинацијата за оваа престижна награда и да се приклучам кон меѓународната плејада истакнати добитници од минатото, кои создадоа од оваа награда признание на кое се гледа со огромен респект насекаде во светот.“
Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август 2024 годнина, на празникот „Летен Св. Климент“, во 12 часот во Куќата на Уранија на МАНУ, а истотака, тој ден ќе биде посетена локацијата каде што ќе биде поставено Спомен-обележје, чии што уметнички неимари се бугарскиот сликар Светлин Русев и македонскиот скулптор Жарко Башески.
Со тоа спомен-обележје, на кое ќе бидат запишани сите досегашни добитници на Светската награда за хуманизам, ќе се изврши и прогласување на древниот Охрид и неговата милениумска историја во европската меморија за Центар на светскиот хуманизам.
Свеченоста ќе почне со поздравно обраќање на Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а наградата на добитникот Никола Петровиќ Његош ќе му ја врачи Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Потоа, по беседата на Амбасадорот Плевнеш за исклучителното хуманистичко дело на Принцот Његош, лауреатот ќе ја изговори својата свечена беседа на благодарност.
Овој настан се организира во соработка со Институтот за културно наследство и археологија на Македонија, а покрај другите содржини, ќе се доделат и специјални повелби на хуманизмот на Претседателот на Институот за уметност од Чикаго, Ролф Ахилес, Амбасадорот на Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш, поранешниот амбасадор на Франција Н.Е. Жан-Клод Шлумберже, како и на Панче Велков, директор на Музејот на Град Скопје и на Фондацијата „Македонида“, која објавува значајни дела посветени на македонската духовна историја.
Оваа пригода ќе биде одбележана и со доделувањето на наградата „World vision 2024“ од страна на Интернационалното жири на фестивалот „SEE Paris Berlin Washington“, а којашто годинава му припадна на македонскиот бизнисмен Цветан Панделески и македонскиот бренд „Пелистерка“, присутен во 24 земји во светот.
На свеченоста, на која ќе бидат поканети сите досегашни добитници, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите под покровителство на УНЕСКО, свои пригодни обраќања ќе имаат Романо Проди, поранешен Претседател на Европската комисија и добитник на оваа награда, Жан-Патрик Конрад, од колеџот „Империјал“ од Лондон, Претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, и Ахмад Алџарван, Претседател на Глобалниот совет за мир и толеранција, во којшто членуваат 124 држави од светот.
Во Куќата на Уранија на МАНУ ќе можат да бидат видени делата на лауреатите од сите меридијани и на тој начин достоинствено ќе биде одбрането престижното место на Охрид во светската цивилизација, известија од Охридската академија на хуманизмот.