Братот на британската принцеза Кетрин, Џејмс Мидлтон и неговата сопруга Ализе Тевенет станаа родители, објави „Пипл“.
Двојката сè уште ја нема потврдено веста, па името и полот на бебето засега остануваат мистерија.
Ова им е прво дете на Џејмс и Ализе, но ова не ѝ е првпат на принцезата Кетрин да стане тетка. Џејмс е најмладото дете во семејството Мидлтон и единствен син на Карол и Мајкл Мидлтон, кои веќе имаат повеќе внуци од ќерките Кетрин и Пипа. Принцезата Кетрин и принцот Вилијам се родители на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, а Пипа Мидлтон има три деца со сопругот Џејмс Метјус – Артур, Грејс и Роуз.
Како потсетување, Џејмс Мидлтон и Ализе Тевенет се запознаа во 2018 година , се верија една година подоцна, а се венчаа во Франција во септември 2021 година.
Во јули годинава, двојката објави дека Ализе е бремена. Имено, Џејмс објави фотографија од неговата сопруга, на која се гледа нејзиниот труднички стомак, заедно со нивниот златен ретривер Мејбел.