Кевин Костнер стана мета на шпекулации откако неговата сопруга поднесе барање за развод, некои дури и го обвинуваат актерот дека забременил жена која работи на сетот на серијата „Јелоустоун“, пренесува „ТМЗ“, додавајќи дека ваква приказна не може да биде подалеку од вистината, според извори блиски до актерот.

Истите извори велат дека најновата шпекулација е тотална глупост која неосновано кружи на интернет.

Не е јасно кој ја започна шпекулацијата, па дури и кого Костнер наводно забременил, но лажната приказна се шири на социјалните мрежи откако неговата сопруга Кристин во понеделникот поднесе барање за развод.

Еден корисник на „Твитер“ напиша: „Сега се прашувам, дали драмата околу најавеното повлекување на Кевин Костнер од серијата ‘Јелоустоун’ се должи на тврдењата дека тој забременил некого на снимање?“ Друг напиша: „Значи, не бил Бентли кој забремени девојка на сетот на ‘Јелоустоун’… тоа бил Костнер“.

„ТМЗ“, кој прв ја објави веста за разводот претходно неделава, цитираше претставник на актерот: „Се појавија околности надвор од негова контрола и, господин Костнер немаше друга опција освен да учествува во постапката за распуштање на бракот.“

Кевин не бил претходно предупреден дека Кристин ќе поднесе барање за ставање крај на нивниот 18-годишен брак.

Во своите документи за развод, Кристин го наведува 11 април како датум на разделба. Изворите велат Кевин не ни помислувал дека бракот завршува.

Тој поднесе одговор на барањето за развод, во кој се спомнува предбрачниот договор, барајќи од Кристин да се исели од трите негови куќи.

Кевин и Кристин се венчаа во 2004 година и имаат 3 деца.