За една недела истекува 40-дневниот привремен затвор на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Тој во моментов е во затвор во турскиот град Беликесир, каде максимално може да биде држен една година. Се очекува престојот зад решетки да му биде продолжен, бидејќи македонските власти сè уште немаат одговор по барањето за екстрадиција, кое беше испратено на 7 декември.
„По завршување на екстрадицискиот притвор на Палевски очекуваме официјална информација од турските власти за нивните натамошни чекори. Министерството за правда не може да сподели официјални податоци кога Палевски би бил екстрадиран и за тоа колку време може да остане во Турција. Тоа е прашање за турските власти, согласно нивни закони“, информираат Министерството за правда.
Воедно, планирано е министерот за правда Кренар Лога да оди во официјална посета на Турција на 8 февруари, заедно со претставници од правосудството, односно претседателката на Судски совет, Весна Дамева, шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази и претставник од Уставниот суд. Средбата на Лога со турскиот министер за правда е претходно договорена, а тој притоа ќе се сретне и со претседателите на Уставниот суд, на Врховниот суд, на Академија за судии и јавни обвинители и на Собранието.
Адвокати од Турција за Телма претходно изјавија дека Палевски може да биде држен во притвор максимално една година.
Шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски на денешниот брифинг со новинарите рече дека очекува постапката за екстрадиција да заврши брзо.
„Не гледам пречка екстрадицијата да не заврши брзо во ваков случај“, рече Бубевски.
Тој додаде дека нема сознанија до каде е постапката и дека обвинителството од нивна страна завршило сe што е потребно за процесот на екстрадиција. Во однос на партијата Десна, чиј лидер е Палевски, а другите тројца осомничени се членови, Бубевски додаде дека нема докази оти партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.
Сè уште трае истрагата за случајот. Палевски беше уапсен во Беликесир по меѓународна потерница на 5 декември. Доколку биде екстрадиран, тој веднаш ќе биде спроведен во затворот во Шутка.
Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за грабнување и помагање во убиството на Ѓорчевска и Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка. Во притвор е и Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на Палевски да избега во Турција.