Приведени 28 лица во полициска акција против улични дилери на дрога – пронајдени кокаин, марухуана, пари, куршум и запалка за бомба

Date:

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје биле преземени мерки и активности со цел сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана. Притоа, додаваат од МВР, во текот на криминалистичката истрага приведени се 28 лица

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје денеска ќе поднесе кривична пријава против седум лица кои се сомничат дека се дел од мрежа на улично дилерство на дрога.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) во рамки на криминалистичка истрага која се спроведувала од декември минатата година, во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје биле преземени мерки и активности со цел сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана. Притоа, додаваат од МВР, во текот на криминалистичката истрага од слобода се лишени 28 лица.

Изминатата ноќ, од МВР велат дека биле приведени В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21) кај кои бил пронајден кокаин. Кочанчанецот Д.Т.(24), како и С.В.(28) од Скопје, се лишени од слобода откако кај нив при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.

Покрај ова, од МВР велат дека биле извршени претреси на седум локации во Скопје, при што кај 41-годишниот скопјанец Ѓ.Ш. биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети, а кај А.П.(29) полицијата пронашла куршум и запалка за бомба.

„Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин. При претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје пронајдени се поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело ‘спречување службено лице во вршење службено дејствие’ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување“, се додава во денешното полициско соопштение.

Од полицијата велат дека, покрај 28 приведени лица, во текот на истрагата биле обезбедни повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана.

За две лица, велат од МВР, веќе е поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, а бил одземен мотоцикл „хонда“, како и патничко возило „форд мондео“ за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...

ЅВЕЗДИТЕ НА „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ БЛЕСНАА НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЊУЈОРК

Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен,...